Теа Таировиќ стекна огромна популарност по бројните хитови кои и ја подигнаа кариерата на повисоко ниво и со тоа го достигна самиот врв на поп музиката.
Постигнуваше успех по успех, а во една прилика во изјава за медиумите призна дека на почетокот на кариерата доживеала и тешки моменти кои ќе ги памети до крајот на животот.
Имено, таа пред да се појави на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“ настапувала со бенд, а раскажала како успеала да ги измами членовите на тој бенд само за да настапи со нив.
View this post on Instagram
-Почнав да пеам со бенд од Нови Сад и лажно им се претставував. Реков дека сум полнолетнa, дека имам искуство со пеење, но бев малолетна и немав искуство. Не избрав средства за да стигнам до целта – рече тогаш таа и додаде:
– Имав желба само да застанам на која било сцена, само некој да ме види и слушне. Беше навистина трауматично. Немав никаков репертоар, не знаев да комуницирам со луѓе, ништо, а сакав само да настапам некаде. Поминав од патики до штикли, не знаев како да одам во нив – искрена беше пејачката.
фото:Instagram printscreen/ teatairovic_music