На прашањето кое е родното место на Владо Георгиев, многумина ќе одговорат Херцег Нови. Точно е дека пејачот многу време поминува на Јадранот и во Црна Гора, но тој не е роден на црногорското приморје.
Владо навистина пораснал во Херцег Нови, а живее во Белград од средината на деведесеттите години на минатиот век. Татко му Драгољуб е по потекло од Димитровград, а мајка му Борка е од Сараево. Популарниот пејач на 6 јуни ќе го прослави својот 48 роденден.
Малку е познато дека Владо посетувал средно музичко училиште како вонреден ученик, како и дека има десет години постар брат Саша. Интересно, родителите на Владо Георгиев не биле среќни што тој ја избрал музиката за своја животна определба. Сакале да работи посигурна работа, која ќе му донесе помирен живот.
Но, Владо го слушал само неговото срце и пред да запее сакал да стане џез-свирач. Извесно време свирел хармоника, синтисајзер и пијано.
Сепак, откако се родил еден сончев јунски ден во Дубровник, неговите родители биле и останале неговата најголема поддршка во кариерата, но и во секоја животна одлука.
Фото: Инстаграм/vladogeorgiev