Радио Милева моменти на топење

Татјана Стојановска сфати дека никогаш не е доцна да ја врати ставата како на времето кога беше мисица: ТВ презентерката во спортски хеланки и со тегчиња в раце (ВИДЕО)

Татјана Стојановска сфати дека никогаш не е доцна да ја врати ставата како на времето кога беше мисица: ТВ презентерката во спортски хеланки и со тегчиња в раце (ВИДЕО)

Татјана Стојановска, познатата ТВ презентерка е секојдневно пред камерите, но внимателно ги штити своите приватни моменти од јавноста.

Иако не сака многу да се експонира на приватен план, нејзината јавна професија неизбежно буди љубопитност кај обожавателите кои сакаат да дознаат повеќе за некогашната мис на Македонија.

Татјана се издвојува како дама со стил и елеганција, со негувана појава и природна убавина – нејзината црна коса како и очите се нејзин препознатлив белег.

Одмерена како и секогаш, таа е ценета и почитувана меѓу колешките како една од најдобрите во својата професија.

Сега, на својот Инстаграм профил, Татјана ги изненади следбениците со поглед во својот приватен живот,  во едно поинакво издание – облечена во спортски хеланки и со тегови во рацете, таа покажа како ја одржува својата фит форма.

 

Ова изненадувачко и инспиративно издание веднаш привлече големо внимание и восхит од нејзините фанови, кои сега имаат можност да ја видат ТВ презентерката и во ново, спортско светло. Веројатно сфатила дека никогаш не е доцна да ја врати ставата, како на времето… кога беше мисица!

Foto: printscreen/instagram

To top