ТВ презентерката Татјана Стојановска очигледно максимално ужива во животот, па реши и да проба некоја друга професија.
Татјана сега сподели еден приватен момент во кој таа убаво се забавувала, па го покажа и пред јавноста.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна овој пат не зборуваше пред камерите туку беше во издание во кое досега не сме ја виделе.
Во оваа прилика водителката сподели фотка на која се гледа како е качена на пловило и тоа на македонски терен плови низ убавото Охридско езеро, додека на главата гордо носи капа како вистински охридски капетан. Можеби Лихнида кајче веслаше, ама Татјана глисер тераше… з’ш може не љубит да веслат?
Татјана се одлучила за црна кошула со бели точки, во комплет со црни панталони, црни патики и очила за сонце, во издание кое е поразлично од препознатливото.
Есенските зраци таа ги искористи малку да се повози и да ужива на вода, а воедно и да ги наполни батериите за професионалните обврски.
фото: printscreen/instagram/tatjana.stojanovska