Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи концерт насловен „Изворни минијатури“ на 22 ноември во Македонската опера и балет со почеток во 19:30 часот.
„Концертот ‘Изворни минијатури’ е препознат како исклучително популарен проект кој веќе го обиколи поголемиот дел од државата, што гарантира врвен квалитет и голем интерес“, велат од „Танец“.
Билетите се продаваат прку мрежата на Купи карта.







