Пејачите често ги опишуваат своите емоции и настани од личниот живот во нивните песни, но има многу песни за кои не знаете дека се автобиографски.
Во морето песни што ги сними, Тања Савиќ му посвети една песна на својот поранешен сопруг, како што еднаш кажа.
Имено, станува збор за песна „Сироче“ која ја опишува нејзината емотивна состојба во моментот кога доживеала љубовен бродолом.
– Снимив песна која директно ја покажа мојата емотивна состојба, односно што се случува дома и во мојот љубовен живот. Таа песна се вика „Сироче“ – открила во една прилика Тања.
Инаку, Тања Савиќ сега ужива во љубовта со Мухамед Муки Бешиќ, кој е единаесет години помлад од неа.
– Всушност, проблемот беше кај мене, кај него разликата во години не беше проблем. Имам две деца, прашање беше како моите деца ќе го прифатат тоа и неговите, се разбира, неодамна изјави пејачката за медиумите, а потоа додаде:
– На крајот сфатив дека тоа воопшто не е важно и никој не го интересира, ниту го интересира како ќе живеам, бидејќи никој не ми ги плаќа сметките. Никој не живее со мене, јас лично живеам со себе, со него сега и со моите деца. На кого му е гајле, мислам.
фото: printscreen/instagram/tanja_savic_private