Радио Милева на зимски одмор

Тања Савиќ ги наполни батериите на скијање, пред почетокот на  турнејата (фото) 

Тања Савиќ ги наполни батериите на скијање, пред почетокот на  турнејата (фото) 

Таа и без посебни реклами ги наполни салите, па затоа и го доби прекарот српска Адел. По новогодишните настапи  Тања Савиќ реши да направи мала пауза и да замине на зимски одмор со семејството.

Од сите зимски дестинации, музичката ѕвезда го избра Копаоник, каде уживаше во се што нуди српскиот ски-центар.

Тања е позната како некој што ги сака зимските спортови, па помина неколку дена на скијање, наполнувајќи ги батериите пред остатокот од нејзината турнеја.

– Искрено, покрај тоа што бев физички активна и уживав, тоа што сум во планина ми беше добро да си ги разбистрам мислите и да ги соберам впечатоците за се што ми се случуваше претходните месеци. Сè уште сум пресреќна, а и малку изненадена од количината на љубов што ја добив од публиката, а која ја вратив и ќе ја враќам. Им благодарам на оние кои ме сакаат, ме поддржуваа во сите времиња што се зад мене, а убедена сум дека нашите најдобри денови допрва доаѓаат – изјави Тања, на која и претстојат  нови настапи.

фото: printscreen/Instagram/privatna arhiva

To top