Тамара Тодевска и незиниот сакан не пропуштаат ниту еден заеднички момент, везден заедно, а ако судиме според нивните зачестени објави на Инстаграм, на пејачката и архитектот им цвета во љубовта.
За Тамара Тодевска сите добро знаеме дека е еден од најдобрите вокали во земјава, реализирана жена, посветена на кариерата, децата, на себе и секако љубениот.
Тамара секогаш немирна ко ветер, со темпераментен дух каков што имаат астролошките близнаци како неа.
Токму близнаците, знаат да изненадат со нешто за кое на крај памет нема да ти падне, а тоа секогаш да биде изведено до перфекција, како во случајов. Тамара неодамна пред пријателките и Лука се пофали дека е одличен готвач во кујната, а почна редовно да се докажува и покажува дека е постојана во истото.
Имено, таа деновиве со или без повод засука ракави во кујната и подготви месо со прилог од зелечук, а на истото претходеше „стартер“ од разни сувомеснати производи и сирења.
За истото се пофали самата преку социјалните мрежи, а секако ја пофали и Лука кој во коментар напиша дека е вистинска домаќинка.
На Тамара очигледно и е јасно дека љубовта кај мажот доаѓа преку стомакот, па оттука решила да се покаже како вешт марифетлија тоа да го прави од појадок, ручек, вечера, па можеби и ужинка, а Лука…. веројатно стопен од љубов со така квалитетно полн стомак.
Сега повротно ја пофали дека за појадок му спремила јајце со авокадо и сушен пршут, а истото го декорирала како во ресторан.
Човекот едноставно не може да се насити, што на храната, што од љубов кога до себе има вака вешта мајсторица во кујна која не ја испушта подалеку од себе.
фото: Instagram printscreen/ tamaratodevska