Старлетата Тамара Ѓуриќ пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен партнер ја претепал.
Тамара дошла во полиција да даде изјава, но потоа се предомислила.
Како што се дознава, откако го пријавила, таа решила да се откаже од случајот.
Тамара во меѓувреме разговарала со своето поранешно момче, а рекла дека нема да ги подига работите на повисоко ниво, иако има хематом на главата од силата на ударот.
Во тамошните медиуми вчера како бомба одекна веста дека старлетата Тамара Ѓуриќ го пријавила во полиција своето поранешно момче М.Ѓ. Тамара потоа разговарала и открила што се случило, но не сакала да го открие идентитетот на лицето, а во меѓувреме решила да не покренува пријава против насилникот.
По скандалот Тамара на сите им покажа дека се уште ужива и дека целиот настан не ја потресе.
Имено, старлетата била снимена додека се вози низ градот, па насмеана позирала, а покрај неа бил непознат маж, чиј идентитет не сакала да го открие.
фото: prinskrin/instagram/tamarastar89