Радио Милева богато и со сите обичаи

Свршувачка налик свадба: „Ѕвездата на Гранд“ Мелиса Зијадиќ ја опсипаа со злато и куп подароци за да и ја побараат раката од мама и тато (фото)

Свршувачка налик свадба: „Ѕвездата на Гранд“ Мелиса Зијадиќ ја опсипаа со злато и куп подароци за да и ја побараат раката од мама и тато (фото)

Македонката од прилепско Лажани која годинава стигна до петтата позиција од финалето на „Ѕвездите на Гранд“ се сврши.

Осумнаесетгодишната Мелиса Зиајдиќ се сврши со своето долгогодишно момче Ајдин, а овој нејзин голем ден го најави неодамна кога објави дека пробува модели на венчаници.

Љубовта меѓу младата пејачка и нејзиното момче трае околу 3 години, а откако запросувањето падна неодамна и пејачката доби веренички прстен, сега се одржа и официјалната церемонија која многумина ги потсети на кадрите видени во турските серии.

Пристигнаа бројни и скапи подароци и неколку торти со иницијалите на среќната двојка.

Меѓу нив се издвои сет златен накит за невестата, како и прекрасен часовник.

Пејачката беше цела во злато, а шмек на романтика и гламур даде богатата цветна декорација, пред се од рози.

На свечената свршувачка се сретнаа семејства од „двете страни“, како што налага редот.

18-годишната пејачка не ја криеше возбудата што наскоро ќе стапне на лудиот камен, а првите впечатоци ги сподели со Гранд онлајн каде кажа:

-Очекував, планиравме да се вериме. Многу сум среќна – изјавила Мелиса.

фото:instagram printscreen/ melisazijadic

To top