Радио Милева мешана крв?

Светот, а најмногу Србија го слави, но дедо му на Новак Ѓоковиќ тврди дека тенискиот гениј има и хрватски гени: „Јас сум Хрват… Југословен – да, но Србин никогаш не сум бил“

Светот, а најмногу Србија го слави, но дедо му на Новак Ѓоковиќ тврди дека тенискиот гениј има и хрватски гени: „Јас сум Хрват… Југословен – да, но Србин никогаш не сум бил“

Новак Ѓоковиќ е дефинитивно  тениски гениј. Ова може слободно да се каже по освоеното олимписко злато, прво во раскошната кариера на 37-годишниот мајстор на белиот спорт. Колку е постар, многумина ќе речат, толку е подобар. Јасно е дека не е премногу погоден од неодамнешниот прекин на соработката со долгогодишниот тренер Горан Иванишевиќ.

Заедно со Новак, неговото семејство, неговата сопруга Јелена и нивните деца, родителите и браќата се секогаш во центарот на вниманието на медиумите и јавноста. Исто така, хрватската јавност често е позаинтересирана за неговата мајка Дијана, која по потекло е од околината на Винковци.

Таткото на Дијана, Зденко Жагар, е Хрват од Винковци, а моментално живее во белградската населба Чукарица.

„Новак е генијалец, извонредна личност и најдобар играч во историјата на тенисот. Но, не беше лесно, можам да ви го кажам тоа. Кога ќе помислам што се’ се случуваше во тоа време… Прво дојде пандемијата на корона, потоа дисквалификацијата на УС Опен кога Новак го удри линискиот судија со топката, а потоа депортацијата од Австралија. Имаше многу тешки моменти“ – изјави неодамна Горан Иванишевиќ, поранешниот тренер на Новак.

„По националност сум Хрват и роден сум во Винковци. На истото место е родена и мојата поранешна сопруга, бабата на Новак. Таму се сретнавме и се запознавме. Бевме офицери кои служеа во ЈНА. Дојдов во Белград, таа сè уште одеше на училиште, па се венчавме подоцна кога таа ми се придружи. Така се роди Дијана, па Санда. Отсекогаш сум велел дека сум Југословен или Хрват, никогаш не сум бил Србин. Дијана е родена во Белград и порасната таму“ – изјави еднаш Зденко за српскиот портал Нова С.

Тогаш изјавил и дека малку се оградил од Дијана бидејќи таа го обвинила за разводот со неговата прва сопруга, нејзината мајка.

„Дијана ме обвини за разводот и не може да ми го прости тоа. Верувам дека секогаш се потребни двајца за да се разведете. Колку што е крив мажот, толку е и жената. Меѓутоа, ќерка ми не можеше да го разбере тоа и целосно се огради од мене“ – рекол таткото на Дијана, кој подоцна се преженил, но неговата втора сопруга починала.

Извор: Večernji.hr

Фото: Инстаграм/djokernole

 
To top