Изминатиот период се почесто сме сведоци на интернет измама со злоупотреба на ликот и делата на познати личности. Се појавија дури и лажни интервјуа, па во оваа експанзија на злоупотреби од ваков тип беа искористени дури и медиуми и имиња на новинари.
За жал ова веќе стана очекувано, па дури и примено со доза на летарција, но се додека не те засегне. Па така, во овој синџир на интернет измами се најде и фолк пејачката Сузана Спасовска.
Имено, Сузе Интернационале остана шокирана и револтирана кога виде дека без никаква авторизација и дозвола, нејзиниот лик и име се употребени за промовирање на крема против брчки, па веднаш се огласи преку својот профил на Фејсбук.
-Почитувани и драги фб пријатели, бидејќи со денови ме прашувате за некоја си крема која сум ја рекламирала, сакам да ви кажам дека ова е злоупотреба на моето име, лик и дело, земајќи ја мојата слика и рекламирајќи производ за кои ниту сум прифатила, ниту сум дала дозвола, ниту ме интересира. Едноставно, ова е ЛАГА. Не наседнувајте на ваквите интернет ИЗМАМИ, ве молам.
Од срце Ваша Сузана!- пишува таа во објавата.
Следбениците и пријателите веднаш излегоа во пресрет со сугестија преку коментар дека не треба да остави само со ваква реакција на социјалните мрежи, туку треба да пријави во МВР во Секторот на компјутерски криминал.
За потсетување, мета на ваков или сличен вид на итернет измама беа: Каролина Гочева, Калиопи, Лила Филиповска, Антониа Гиговска, сега и Сузана Спасовска што веројатно и за жал не и последната.
фото: Facebook/ Сузана Спасовска