Стоја дознала дека била мета на критики поради нејзината тежина, па проговорила за начинот на кој ослабела, но и како сега гледа на сето тоа.
Популарната пејачка Стоја Новаковиќ, иако со години не дава изјави за тамошните медиуми, истакнува дека слушала луѓе како ја озборуваат кога имала прекумерна тежина, а подоцна намалила и решила да ја доведе својата фигура во ред.
– Ги слушав луѓето како озборуваат за мојата тежина зад грб, но никогаш не реагирав. Не сакав да се мешам во сето тоа, а мене ми беше важно што мислам за себе – рече Стоја, додавајќи:
– Подоцна ослабев, јадев половина хот-дог и се средив, а денес јадам што сакам. Јас сум остварена жена и не ми е гајле што мислат другите – неодамна изјави таа за тамошните медиуми.

Инаку, Стоја Новаковиќ била во Турција и се подложила на естетска операција, а наводно потрошила 50.000 евра за процедурите.
фото: printscreen/instagram





