Промотер

Стиховен Калибар и Ристо – Водолија како необична хип-хоп-рок спојка заедно во „Магдалена“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Стиховен Калибар и Ристо – Водолија како необична хип-хоп-рок спојка заедно во „Магдалена“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Малку надвор од стилот по кој сиве овие години стана препознатлив, хип хоп артистот Горан Јанкуловски, попознат како Стиховен Калибар го објави новиот сингл „Магдалена“.

Овој пат, заедно со Ристо Апостолов, лидерот на рок бендот „Водолија“, со кој влегува во сосема нови музички води за него и стил кој многу повеќе е близок  токму на групата „Водолија“.

Музиката за „Магдалена“ е дело на Ристо Апостолов, кој се погрижил и за гитарските и за бас делниците, аранжманот, миксот и мастерингот, а вокалот и стиховите се на Горан Јанкуловски – Стиховен Калибар.

Како звучи оваа необична хип-хоп/рок спојка во нивната „Магдалена“ проследете во продолжение:

To top