Радио Милева радост голема

Стигна и број пет: Раде Шербеџија стана дедо (фото)

Стигна и број пет: Раде Шербеџија стана дедо (фото)

Петто машко внуче доби познатиот Раде Шербеџија. Неговата ќерка Нина и актерот Филип Ѓуриќ станаа родители. Убавата вест за приновата пристигна викендов, а мајката и бебето се одлични.

Нина и Филип се запознаа во 2014 година, а почнаа да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчаа во Нови Сад, каде што живеат и работат. Нина носеше долга, луксузна венчаница, а Раде ја одеше до олтарот. Една од фотографиите од венчавката, на која актерот ја држи за рака својата ќерка Нина, стана вирална на социјалните мрежи.

Сопругот на Нина, Филип Ѓуриќ и е познат на јавноста по улогите во сериите Група, Црна свадба, 12 речи и Кљун и филмовите Моја утринска насмевка и Толку за денес. Покрај актерството, Ѓуриќ се занимава и со педагошка работа. Како што пишува во неговата биографија, по завршувањето на Втората гимназија во Крагуевац, се запишал на Академијата за уметности во Нови Сад, каде што и магистрирал и моментално работи како асистент на тој факултет.

Раде покрај Нина ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка, а синот Данило и ќерката Луција од првиот брак со Иванка Церовац.

фото:Instagram printscreen/radeserbedzija.official

To top