Македонскиот јутјубер и поткастер Стефан Лазаров во последно време станува се’ попупларен, особено кај оние што „киснат“ на социјалните мрежи и 24/7 „ги чешлаат“ интернет каналите. Не само со неговиот поткаст, туку и со новите интернет остварувања како „24 часа поминати со…“ или гејм шоуто „Триумф“ каде со други познати лица како пејачката и харфистка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски со своите тимови се впуштаат во разни „јуначки подвизи и предизвици“ за остварување нови победи, зашто најдобрите ги чекаат вредни награди од нивните спонзори.
Како што е веќе познато, Лазаров уште минатата година ја побара раката на својата сакана, односно стапна на „лудиот камен“ и ја ожени својата долгогодишна девојка, убавата, сексапилна и шармантна Марта.
За неа велат дека е девојка од многу добро ситуирана фамилија, со уносен семеен бизнис, па затоа уште во старт, а особено по женидбата, за Лазаров чаршијата коментираше дека на јутјуберот „му паднала секирата во медот“! И нека е, не важно, важно е да е од љубов!
Но, кога сме веќе кај „секирањето“, во последната 8-ма епизода од споменатото гејм шоу „Триумф“, Лазаров демонстрираше меѓу останатото една од мноштвото задачи што треба да ги завршат учесниците со своите тимови.
„Понекогаш маваме и дрва“ – рече јутјуберот сакајќи да каже дека една од задачите е и брзото цепење дрва, односно кој со што помалку удари дрвото ќе го преполови, белким? Кој со еден, кој со повеќе од еден удар, за како што вели Стефан, да докажете дека сте најдобри.
Дали е до тактиката, дали до техниката, дали до силината на ударот, подобро знае јутјуберот, ама од она што го демонстрираше јасно е дека Стефан Лазаров отсега натаму нема повеќе (за) што да (се) секира… или поточно, нема со што! Зашто на јутјуберот можеби приватно „му падна секирата во медот“, ама овој пат во играта на вештина, при нејзината демонстрација и самата секира – отиде фира!
А убаво еден од колегите кој влета во кадарот му покажа дека не е до силата, туку е до умот… Умот царува, не мускулите… Не колку силно ќе замавнеш, туку каде ќе удриш… Ама кој да слуша?
Па така, Лазаров „ја зацепи“ по свое и… ете ти белја!
Наместо трупецот да го преполови, успеа само да ни долови, како изгледа кога в раце ќе ти остане само рачката!
Како изгледаше неговиот „цепачки обид“ во операцијата „Триумф“, погледнете од видеото што со смеење до солзи и цел ќеиф го сподели Сара Мејс…
Фото и видео: Инстаграм/