Велигденските празници огледани во продолжен викенд од четири слободни дена, половина Македонци ги дочекаа дома, половина заминаа на различна дестинација. „Скопјани у покушај“ си заминаа дома по провинција, некои други заминаа на село, планина, езеро, по викендички, а завиден број и надвор од државата.

Еден од оние што не е „Никој како него“ беше и ТВ водителот Ненад Георгиевски. Со колешката Кате нивната „Никој како…“ на ТВ Телма ја ставија во мирување, па Ненад со семејството за празникот се одлучи на велигденско патување. И тоа надвор од Македонија, на проверена дестинација, на брегот на Егејот, кај нашите јужни соседи.
Локацијата му е од порано позната, зашто Ненад и семејството не се таму прв пат…

До душа претходно можеше само да лови риби на пристаниште или да најде прибежиште за гушкање и нежни прегратки со саканата сопруга Горана.

За разлика од тогаш, сега водителот максимално реши да го искористи сончевото и топло време, за да се расоблече на палжа и сефте да ја отвори сезоната на сончање и капење.
Едно столче на расклопување, тегет папуча и жолта бермуда, поглед од брегот во морската далечина и ладно пивце од лименка за разбивање монотонија!

А, штом сонцето се искачи високо на хоризонтот на ред доаѓа и кајакот. Ненад е тој кој најмногу љуби да весла, ама затоа овој пат не е сам, туку во семејното возење по морската шир со најмилите, му помага неговата наследничка. Тој и ќерката се моторната снага во познатата К2 веслачка дисциплина, додека капетан на нивната гумена лаѓа е љубимецот на мама, синот кој во ситуацијата ја координира и навигацијата.
View this post on Instagram
А штом рацете се уморат, време е за укотвување на брегот и уште малку споделевуање витамин Де… и секако, неизмерна татковска љубов! Оти семејството е едно и највредно, морето е солено, ама она што најслатко е единствената ќерка на татко!
View this post on Instagram
Како за крај, фанела со долги ракави, колку сонцето да не те изгори и се разбира уште едно пивце за здравје со едно велигденско: „Наздравје!“

Фото: Инстаграм/nenad_gjorgjievski







