Изминатиот викенд, поточно во неделата (6-ти октомври) се одржа 20-от скопски маратон на кој трчаа, односно беа пријавени повеќе од 13 илјади учесници.
Меѓу повеќето некои беа поради забава,да бидат видени, да се фотографираат меѓу толпата, а други за најважното- да трчаат.
Меѓу овие последните беше актерот Игор Ангелов кој повеќето го препознаваат по ликот на Косата од хит- серијата „Преспав“.
View this post on Instagram
Игор слободно може да се каже дека е вртеран кога спортот и трчањето се во прашање, бидејќи тоа не негов стил и начин на живот, затоа не случајно се пријави за полумаратон трката и истрча 21 километар низ Скопје.
„На патот до успехот, паузата е неизоставен елемент. Истрчани 21km, денес го славиме успехот, од утре се фокусираме на нови цели“, напиша тој на Инстаграм.
Препознатлив како Коста, но и не баш на прв поглед, зашто Игор со видоизменет имиџ и подолга бела брада ретко кој можеше да го препознае, но кога успехот ја донесе насмевката, тогаш јасно знаеме за кого се работи.
фото:Intagram printscreen/ igor_angelov