Познатата инфлуенсерка Зорана Јовановиќ позната како Зораннах , неодамна објави дека се свршила со својот партнер, фудбалерот Елој Рум, поради што со денови е пресреќна. По низата убави моменти, имаше и некои грди.

На својот блог, Јовановиќ откри каква непријатност доживеала во авионот, што многу ја вознемирило.
Имено, таа сподели дека постар маж ѝ го украл полначот во авион, нешто што никогаш не замислувала дека може да ѝ се случи.
– Летот е полн, до последното седиште, треба да полета во 10:45, ние полетавме во 12:30 и пол. Јас сум мртва, буквално.
Стигнувам до моето место, некој старец седи до прозорецот, не зборува англиски. Моето место е до ходник. Ги вадам работите што ми требаат, доаѓа едно девојче и вели:
„Јас сум до прозорецот!“ Старецот станува, не може да се помрдне, бара билет половина час, не може да го најде. Значи, хаос, луѓе чекаат во авионот, а јас веќе сум нервозна до степен на болка затоа што не можам ни да седнам – вели Зорана.

Како што објасни понатаму, вистинскиот хаос настанува кога авионот полетува.
– Го ставам телефонот на полначот и се обидувам да заспијам. Старецот станува да оди во тоалет, тоа трае, тој се прозева цело време, испушта некои звуци, кркори. Всушност, додека стануваше, ми го исклучил кабелот, го извадил од штекерот и си заминал. Повторно заспивам и во еден момент се будам, гледам, нема полнач на подот, никаде го нема – вели Зоранах и продолжува:
– Старецот ми го „дрпна “ полначот. А тој се распаѓаше, долг два метра, цел беше расипан . Секако морав да купам нов.
foto: printscreen/instagram




