Дека е вредна во кујна, па и вешта во подготовка на разни јадења, тоа веќе го занеме за Тамара Товевска.
Шефица во кујна, ама и шефица по дома кога треба да се прави набавка на производи од маркет, е тогаш задолжен е партнерот.
Во технолошки модерно време веќе и да поздаборавивме да пишуваме на хартија, освен кога тоа е неопходно.
За Тамара тоа неопходно е кога се прави список за производи кои треба да се купат и се дефицит во кујна.
Лист хартија и молив во рака за „старомодната“ домаќинка убаво да си запише што точно недостига, а тој, нејзиниот Лука да се пушти во набавка.
-Ништо технологија, само стара школа, пишува саканиот на пејачката која така уредно и прецизно дава насоки за да нема промашувања и недостасувања, а на крај се’ да си тече во хармонија.
Дека Тамара функционира на овој начин кој во денешно време го применуваат малкумина дури и од повозрасната група, можеби изненадува, но подобро по онаа старата паметниот пишува, за да не биде „ми снема батерија“.
фото:Instagram prinscreen