Спасе Јовановски полека стана најпознатиот презентер на временската прогноза. Го гледаме на ТВ Сител, а на социјалните мрежи многу попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на речиси сите нејзини егзотични патувања. Однеодамна и во новаводителска улога со свој подкаст на Јутјуб.
Арно ама оние што од поблизу ја познаваат оваа ТВ фаца добро знаат дека Спасе Рола не оди никаде ако не е „скоцкан до бола“! И тоа измиен, исчешлан дотеран, намирисан… стокмен во пакет! Ама баш никаде, па дури ни во маркет! Уредно момче кое добро знае дека хигиената е половина здравје, а средениот изглед е виза за отворена врата… Од некаква работа до женско срце. А во тој сегмент Спасе е вистински метросексуалец, што би рекле овие денешниве, што се расфрлаат со модерни термини!
Но, за да изгледаш уредно, меѓудругото треба да имаш и уредна фризура. Или што би рекле, матичен бербер, личен фризер или по најново, свој стилист. Спасе тоа добро го знае, само што дојде време кога побргу ќе дочекаш матичниот лекар да ти закаже преглед, отколку берберот шишање… Или потстрижување, што би рекле „закоравените лингвисти“, иако некои велат дека само овците се стрижат, ама ајде…
Затоа тргна да го дотера имиџот, кога е во прашање фризурата, зашто за разлика од женските, машките прво во глава ги гледаат! Арно ама, како што ништо не е како порано, така не е ни шишањето! Ни берберите не се тоа што биле, фризерите да не зборуваме, а стилистите ја третираат само елитата.
Сепак, откако успеал некако да закаже шишање, тргнал на разубавување и само што стигнал… нова неволја. ФЕЈД-от му го е*ал денот! За што се работи – од приказната што ТВ презентерот и самиот ја споделил на социјалните мрежи:
„Кој е овде понежен пол?!
Порано (многу порано) се знаеше, идеш на бербер, те шиша, како што сакаш, готов си за 5 мин, со уште едно огледало ти покажува каков си од позади и ајде дома на бањање!
У денешно време…
Па не можеш термин да закажеш, мораш 3 дена унапред или берберот ептен да ти е близок!
Денес, додека чекав, ред за да се шишам, еден тип, праеше *ФЕЈД па едно 30 мин, па не му се свиѓаше, па го доправуваа, па фејд на брада, па отиде му ставија глина на фаца, па црна маска, па нешто од уши му гореше, па од нос со восок влакна му вадеа, на КРАЈ миење и го опружија на столот каде доби ехтра масажа на глава, раменици и раце.
Како права освежена ГОСПОЖА намирисана со колонска и млеко за тело, го напушти салонот, и закажа термин за 10 дена, бидејќи до тогаш ќе му пораснела косата и ќе нема ФЕЈД.
А ако нема ФЕЈД идеш под мач батооо!
Шегата на страна. Овој тренд на машко лицкање е се популарен и доаѓа од Турција.
Покрај горенаведените услуги се нуди и пострижување на влакна на тело и грб, пазуви, веѓи, пилинзи на лице и што ли уште не. Зошто!? Па за добра заработувачка нормално! Ако порано сте плаќале по 100 до 150 ден за бербер, денес едно шишање со се миење е 350денари. Плус лицкање, масажа ооооп – 10 евра! Десет луѓе по 10 евра денес… 100-че у џеб! Наздравје бричење!
*Фејд- (избледување)
Фејд е техника за шишање коса која се состои во постепено преоди од кратка до долга коса. Фејдот може да се направи на различни делови од косата, како што се страните, задниот дел или целата глава“.
Ете, тоа е… Па сега ти види, кој е метросексуалец, а кој ретросексуалец? Кој е „фејд“ а кој „фејк“ фраер? Кому му е ова ОКеј, а кому му личи на геј? Грст прашалници во главата на Спасе Рола, сведени на само една дилема што го мачеше додека окапа од чекање да седне на берберскиот стол: „Кој е овде понежен пол?“
Фото: Инстаграм/Фејсбук/rolladobolla