Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе – „Рола до бола“ оддамна е пријател со македонската пејачка Антониа Гиговска и ја нарекува „жолто пиле“ .
Временскиот презентер кој има и свој подкаст на Јутјуб каналот реши овој пат да одговори на сите откако во едно интервју го прашале „Од каде толкава блискост со Антониа Гиговска…“
Им одговорив: Истите се пронаоѓаат, а ние се најдовме чекајќи авион“. Јавно обелоденил Рола за сите љубопитни кои се прашуват за нивната блискост.
Антонија ја виде таа информација и на социјалната мрежа Инстаграм побрза да ја сподели со дообјаснување :
„На ескалаторот“ – со смајлиња и срциња додаде таа
Рола и Антониа честопати објавуваат заеднички селфиња за спомен од убавите моменти, а на социјалните мрежи ги прикачуваат и двајцата па веројатно оттаму и идејата за нивното блиско пријателство.
фото: printskrin/instagram/rolladobolla