Ова јадење е вкусна и хранлива комбинација од ориз, мелено месо и свеж спанаќ. Се подготвува лесно, а може да се сервира како печено јадење или како чорбеста варијанта, во зависност од вашите желби.
Состојки:
5 лажици масло
1 средна главица кромид
1 среден морков
4 чешниња лук
300 грама мешано мелено месо
200 грама ориз
300 грама спанаќ
1/2 лажичка сол
лажица црвен пипер
Бибер и сув зачин по вкус
Подготовка:
Во тенџере загрејте го маслото на тивок оган. Додадете ситно сечкан кромид и пржете додека омекне, потоа посолете. Додадете го морковот исечен на коцки ситни и кратко пропржете. Потоа ставете го меленото месо и динстајте со мешање додека не ја смени бојата. Додадете ситно сечкан лук, црвен пипер, бибер и сув зачин по вкус. Во смесата додајте го претходно измиениот ориз и налејте топла вода колку да го покрие. Оставете да проврие, па додадете го исчистениот, измиен и ситно сечкан спанаќ. Смесата префрлете ја во огноотпорен сад или тава. Доколку е потребно, додајте уште малку вода. Печете во загреана рерна на 220°C околу 25 минути.
За чорбеста варијанта: по додавањето на спанаќот, налејте повеќе вода и оставете јадењето кратко да проврие.
За посна верзија: едноставно изоставете го меленото месо.
фото:Freepik
извор: курир







