Американскиот рапер Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (29) повторно привлекоа внимание со своите комбинации во кои се појавија во Лос Анџелес.
Додека раперот беше во црн стајлинг од глава до пети, неговата партнерка се појави во проѕирен фустан од латекс и многумина забележаа дека таа не носи долна облека.
Својот целосно проѕирен аутфит, под кој и се гледаа градите и другите интимни делови, Бјанка го комплетираше со црвени чорапи и сатенски потпетици.
Контроверзниот пар беше виден како поминува покрај обожавателите за време на нивниот состанок во италијанскиот ресторан Бакари во Лос Анџелес – малку побогато место во споредба со нивното неодамнешно излегување на The Cheesecake Factor, пренесува Јутарњи.хр.
Да потсетиме, сопругата на раперот неодамна беше фатена на улиците на Лос Анџелес, кога облекла целосно проѕирна кабаница под која не носела ништо.
За повеќето луѓе, капутот е од суштинско значење кога кампуваат и кога врне силен дожд.
View this post on Instagram
Сепак, за сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, таа е само моден детаљ со кој го привлече вниманието на присутните.
Имено, сопругата на раперот неодамна беше фатена на улиците на Лос Анџелес, кога облече целосно проѕирна кабаница под која не носеше ништо. Но, воопшто ништо.
За среќа, на капутот имало завртки кои служеле за делумно покривање на интимните делови, но безуспешно, па Бјанка сепак се обидела да ги покрие со раката.
View this post on Instagram
Инаку, цело време друштво и правеше токму Канје, кој никогаш не ја испушташе од очите и ја држеше за рака. На лицето ја носел црната маска со својот потпис, која ја искомбинирал со јакна во иста боја, над која носел кафено пончо.
фото:Instagram printscreen/ biancasensorii
видео: You Tube/ Page Six