Софија Вергара знае како да ја „запали“ масата и да ја привлече публиката, меѓудругото и онаа на социјалните мрежи! Холивудската актерка започна нов бизнис и стана косопственик на колумбиски бренд за кафе, а за да го промовира направи (не)очекуван потег.
Имено, Софија Вергара реши да се потсети на една стара, провокативна фотографија, очигледно инспирирана од нејзиниот нов бизнис. Таа на Инстаграм сподели фотографија на која позира “пиштол гола“, покриена со илјадници зрна кафе кои ги кријат нејзините најинтимни места од љубопитните погледи.
Жешката Колумбијка е позната како една од најубавите жени во светот на шоу-бизнисот, а оваа слика јасно покажува дека таа без причина не го добила тој ласкав епитет.
Провокативната објава на убавата 51-годишна девојка брзо собра стотици илјади лајкови и комплименти. Брендот на Софија е во мисија да ги почести латино жените и да ја слави нивната генијалност, не само во животот, туку и во производството на кафе.
„Кафето „¡DIOS MÍO!“ е создадено поради мојата љубов кон колумбиското кафе и моите високи стандарди кога станува збор за квалитетот на кафето што го пијам. На крајот на краиштата, пораснав во Колумбија, пиев колумбиско кафе. Жените претставуваат 30 проценти од колумбиските одгледувачи на кафе и чест ми е да ги истакнам нив, нивните семејства и нивното наследство“ – рече прославената актерка.
Фото: Инстаграм/sofiavergara