Радио Милева воодушеви

Софија Милошевиќ во беспрекорен стајлинг на модната недела во Милано (фото)

Софија Милошевиќ во беспрекорен стајлинг на модната недела во Милано (фото)

Софија Милошевиќ е една од најпознати манекенки, а на нејзиниот изглед многумина и позавидуваат.

Таа се појави на ревијата на Dolce&Gabbana во Милано каде покажа зошто е една од најстилските дами на сцената.

Софија беше облечена во капут од најновата колекција на D&G со леопард принт.

Потоа,  го соблече и покажа одоздола црн фустан од тантела со кој го привлече вниманието на сите.

Со совршена фризура и шминка, Милошевиќ потврди дека е тешко да  најде конкуренција кога се во прашање модните икони.

Познато е дека манекенката е редовен гостин на најголемите светски настани за висока мода, а нејзините беспрекорни стајлинзи секогаш ги воодушевуваат модните критичари.

Фото: printscreen/instagram/sofijamilo

To top