Мегафон тетарски признанија

„Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски доби фестивалска награда за најдобра претстава во Србија

„Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски доби фестивалска награда за најдобра претстава во Србија

Претставата „Собирачи на пердуви, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско народно позориште во Нови Сад, ја освои првата награда на фестивалот „Театар во тврдината“ во Смедерево. На традиционалниот фестивал, кој се одржува 11 години, претставите ги оценува публиката.

„Во конкуренција имаше пет претстави, а највисоката оценка (4,81) ја доби претставата ‘Собирачи на пердуви’, во режија на Дејан Пројковски“, велат од фестивалот.

Премиерата на претставата беше во ноември минатата година во Нови Сад.

„Собирачи на пердуви“ е работена по текст на Александар Петровиќ и по него е снимен истоимениот филм, добитник на Гран прито на Канскиот фестивал во 1967. Драматургијата и адаптацијата се на Сашо Димовски, сценограф е Валентин Светозарев, а композитор е Оливер Јосифовски, кој музиката ја свири во живо со оркестар на сцената. Во претставата играат 30 актери од СНП.

 

To top