ТВ водителката Снеже Велков утрото редовно го стартува со вежбање уште со првата зора, физички секогаш подготвена, ама и ментално.
Снеже секогаш за добро утро „си ја пее“ својата сопствена химна за здрав живот, физичка и ментална гимнастика со максима од која нема исклучок.

Ова понеделничко утро денот го стартуваше секако со вежба, но овој пат по пижами и со статус кој можеби не им се допадна на оние кои се пронајдоа, а веруваме ги има доста.
Снеже јасно и децидно им порача на припадничките од понежниуот пол дека гардеробата, односно хеланките не се примат од редот и дисциплината за вежбање, туку обратно.
-И вежбањето во пижами се брои. Не ве прави хеланката вежбач ами дисциплината, посочи Снеже.
Токму таа нејзина дисциплина на која сведочиме редовно, очекувано во континуитет продолжи со вежбите и извршување на активностите низ град движејќи се со велосипед, а не со автомобил иако дождот е во најава.
Ама Снеже не се плашi дожд тоа да не не’ накисне, туку да не го обави она што и бара и навикнал духот и телото.
А во здраво тело, има и здрав дух, а според Снеже и помлад!
Значи, да резимираме, мотивација и аккција, а не тип-топ спортска комбинација и фотка за виртуелна доминација.
фото:Instagram printscreen/velkovsneze




