Радио Милева секогаш при рака

Снеже Велков ја покажа дневната: Водителката  до елката го паркира и велосипедот  (видео) 

Снеже Велков ја покажа дневната: Водителката  до елката го паркира и велосипедот  (видео) 

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка, Снеже Велков  го покажа домашниот амбиент.

Таа е активна на социјалните мрежи, споделува видеа и фотографии од она што секојдневно го прави, а така беше и овој пат.

Снеже која инаку е позната и како „девојката со точакот“  сега покажа дека нејзината здрава утринска навика во никој случај не ја запоставува, а нејзиниот велосипед и е при рака во секое време, дури  и кога надвор е многу студено.

Па бидејќи периодов не е баш за точак туку за санка, Снеже веднаш побара решение за тој „проблем“.

Иако времето не и дозволува на русокосата екс пилатес инструкторка, ТВ водителката сепак се потруди возењето никако да не го пропушти.

Затоа си најде начин и пред следбениците на Инстаграм го покажа неговото новото привремено паркинг место и тоа во дневната соба веднаш до елката.

„Добро утро. Возиме по дома. Кој сака наоѓа начин“  – јасна беше Снеже.

Водителката возењето не го пропушти и на времето секако не му допушти.

Токму како и во мелодијата која ја додаде  за добро утро „Кад се возимо“ –  важно е да се вози, не е важно каде за добро расположение.

 

 

фото: printscreen/instgaram/velkovsneze

To top