Откако Марија Шерифовиќ објави дека се повлекува од форматот во кој учествуваше повеќе од една деценија, а Ѓорѓе Давид нагласи дека е среќен што ќе продолжи да соработува со Гранд, Снежана се огласи, потврдувајќи го својот престој во шоуто.
– Од самиот почеток сум пејачка во Гранд Продукција, а од 2013 година сум член на стручното жири, како и музички уредник на форматот на Ѕвездите на Гранд. Помошта што им ја пружам на младите, талентирани пејачи е привилегија и задоволство за мене, но и потврда дека поседувам знаење и искуство потребно за да ги водам оние што сакаат да се занимаваат со оваа работа.
Таа додаде дека останува дел од продукцијата „Гранд“ и како изведувач и како член на жирито, нагласувајќи го професионализмот на тимот и довербата што ја има во новиот директор.
– Продолжувам да ја работам својата работа исклучително професионално и му давам целосна поддршка и доверба на директорот Горан Шљивиќ, кој сега е на чело на продукцијата – изјави Снежана за „Република“.
фото: printscreen/insgaram/