Радио Милева во семејниот дом

Снаата на пејачката Гоца Божиновска, Бојана Шијан го прослави својот роденден во кругот на своите најблиски (фото) 

Снаата на пејачката Гоца Божиновска, Бојана Шијан го прослави својот роденден во кругот на своите најблиски (фото) 

Во бракот со Мирко Шијан, наследникот на пејачката Гоца Божиновска, Бојана има два сина – Зоран и Вукан, кои најмногу се радуваа на роденденот на својата мајка.

Имено, сестрата на Бојана, Наташа Родиќ, ја снимила како дува свеќички во семејниот дом, додека во раце ги држи своите наследници и не ја тргала насмевката од лицето.

Да потсетиме, Бојана и Мирко се венчаа минатата година во црквата во Сурчин, каде што се крсти.

– Свадбата на Бојана и Мирко се организираше во луксузен  ресторан каде цената на едно столче е 65 евра. Бидејќи имаат 350 гости, само салата  ги чинеше 23.000 евра.

Тие го избраа најскапото мени со секакви видови месо и риба, најскапото мени со алкохол за да можат сите гости да уживаат во изобилство на храна. А бендот што  ќе ги забавува гостите е еден од најскапите, бидејќи се работи за група музичари што ја придружуваат Цеца Ражнатовиќ на концертите. Ги воодушевуваат на сите прослави на семејството Ражнатовиќ, па затоа беа нивната прва и единствена опција – рекол изворот.

фото: printskrin/instagram/miss. rodic

To top