Промотер

„Smut“ – имаат нова песна со старото сознаниe дека овде – “Успех нема да ти простат” (ЛИРИК ВИДЕО)

„Smut“ –  имаат нова песна со старото сознаниe дека овде – “Успех нема да ти простат” (ЛИРИК ВИДЕО)

„Смат“, еден од водечките бендови на македонската хард кор/метал сцена, се врати со нова песна по речиси една година пауза. Групата денеска на Јутјуб објави текстуално видео за својата нова песна насловена „Успех нема да ти простат“.

Засега нема најава за нов албум, што фановите го чекаат од 2018 година. „Смат“ повремено настапува во Македонија и објавува нови синглови откако пејачот Ѓорѓи Иловски замина во странство.

Песната е снимено, монтирана, миксана, мастеризирана и продуцирана од Горан Ристевски, Мартин Николовски и СМАТ . Синтисајзер свири Мартин Николовски.

Лирико видеото го изработил Иван Куртевски – Курте. Дизајнот на корицата е на Дамјан Ѓоргиевски, додека дизајнот на буквите е дело на Матеј Петковски.

„Успех нема да ти простат“ е првата нова песна на „Смат“ од излегувањето на „Ветувам нема да молчам“ во ноември 2023.

To top