Оружарката од филмот „’Рѓа“ Хана Гутиерез-Рид денеска е осудена на 18 месеци затвор за смртта на Халина Хачинс.
Хана беше прогласена за виновна за убиство од небрежност во март, а казната што и е изречена денеска е најтешката казна досега во правниот спор околу смртта на Хачинс, односно трагедијата на сетот на филмот „Рѓа“. Случајот се уште е далеку од завршен, пишува Гардијан.
Судењето на Алек Болдвин, кој беше копродуцент на филмот покрај главната улога, е закажано за 10 јули, откако големата порота го прогласи за виновен за убиство од небрежност.
На поротата во Санта Фе и беа потребни помалку од два часа за да ја прогласи Хана за виновна за убиство од небрежност на 6 март, при што еден поротник рече потоа дека обвинетата не ја завршила „својата работа“ за да се осигура безбедноста на пиштолот на снимањето.
View this post on Instagram
За време на судењето, обвинителот ја обвини Гутиерез-Рид дека не ги почитувала основните безбедносни процедури и дека го наполнила целосно функционалниот револвер што го користел Бодлвин со лажни куршуми и најмалку еден вистински куршум. Во пукањето загина Хачинс (42), а режисерот Џоел Соуза беше ранет.
– Беше несовесна, немарна и непромислена – рече обвинителката.
Пукањето на сетот поттикна негодување за опасните работни услови во Холивуд. Членовите на филмската екипа кои сведочеа на судењето Гутиерез-Рид опишаа хаотична сцена во која безбедноста беше „на последната страна“, при што еден рече дека се снима со „смешна брзина“.
фото: Facebook / The Alec Baldwin Show