Бројни познати личности се собраа на ревијата на Бата Спасојевиќ, по повод прославата на 30 години работа и постоењето на брендот „Индивидуал“.
Меѓу гостите беше и пејачката Славица Ќуктераш. Таа за насобраните медиуми даде кратко интервју во кое меѓу другото призна дека е среќно заљубена.
– Има љубов и работа и се. Жената мора да биде исполнета на сите полиња. Навистина сум заљубена, но тоа е доволно да знаете – изјавила пејачката.
На прашањето колку време е заљубена, Славица кратко одговори:
– Е, тоа е премногу интимно прашање.
Неодамна многу се пишуваше за нејзиниот однос со Жика Јакшиќ, со кој беше уште додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а сега таа откри дали повторно е во врска со водителот.
– Тоа нема никаква врска со Жика. Ние двајца сме во добар проект. Во наредниот период ќе имате можност да го слушнете сето тоа, а љубовта нема никаква врска со тоа. Мора да разберете дека тоа беше пред 20 години. Мило ми е и благодарна сум на Бога и на Жика што се најдовме во бизнисот и што можеме да работиме.
Славица Ќуктераш откри и дали на нејзиниот избраник му пречат насловите во весниците кои ја поврзуваат со Јакшиќ.
– Не, не му пречи. Тој е многу паметен човек. Тој не е од мојата бранша. Не го кријам и одам секаде со него, но работата е работа и не одиме заедно на настани.
На прашањето дали повторно би се омажила, пејачката одговорила кратко, но низ смеа:
– Кој знае.
фото: printscreen/instgaram