Скопските бендови „Последен удар“ и „Ју“ (YÖU) досега се потврдени како македонски учесници на годинешното издание на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, за кое организаторите кажаа дека би можело да биде последно поради актуелните општествено-политички случувања во Србија.

Еден од најголемите музички фестивали во Европа ќе се одржува од 10 до 13 јули, а меѓу учесниците се најавени „Секс пистолс“, „Продиџи“, Боб Гелдоф и „Бумтаун ретс“, Лорин и бројни ѕвезди на електронската сцена.
ФОТО: Фејсбук