Љубов и секс

Ситни работи кои им ги простуваме на мажите, но всушност ни го креваат притисокот

Ситни работи кои им ги простуваме на мажите, но всушност ни го креваат притисокот

Ги знаете оние мали, но иритирачки грешки кои мажите ги прават постојано и кои понекогаш не тераат да се запрашаме дали ќе експлодираме?

Иако изгледаат како ситници, кога ќе се акумулираат, можат да не турнат до работ на нашето трпение. Ако некогаш сте се запрашале кои грешки го зголемуваат крвниот притисок кај жените најмногу, не сте сами.

Ги прашавме жените од нашата околина кои навики на нивните партнери најмногу ги нервираат. Одговорите беа искрени и забавни и веројатно ќе се пронајдете во нив.

Ако мислите дека сте единствените кои се налутиле поради подигнатата даска во тоалетот или заборавените важни состаноци, не грижете се, не сте сами. Прочитајте подолу за да дознаете кои мали грешки се најстресни за жените.

Мора да нагласиме дека основните работи во врската и бракот се засноваат на љубов, почит и меѓусебно разбирање, но сепак има ситници кои кога ќе се повторат можат да предизвикаат вистинска фрустрација.

-Кога ќе заборави важни датуми
-Кога остава валкани алишта пред или на корпата за перење
-Кога ќе ги остави чорапите во половина од дневната соба
-Кога ќе ја остави даската крената
-Кога ќе не избрза, а на крајот ќе касни
-Кога вели дека ќе биде таму за 15 минути, но го нема со часови
-Кога ќе стави празен сад повторно во фрижидер
-Кога ќе заспие во првите 15 минути од филмот
-Кога ми ја полни чантата со неговите работи
-Кога рчи
-Кога ќе ја остави пастата за заби отворена
-Изјавата: Па, не ми го кажа тоа.
-Кога пишува на телефонот додека јас разговарам со него
-Кога не може да ги види работите што се пред него
-Кога ќе ги остави влакната после бричење

foto: Free Pick

To top