Откако познатата пејачка Драгана Мирковиќ објави дека се разведува по 24 години брак од бизнисменот Тони Бијелиќ, нивните деца Мануела и Марко се во фокусот на интересот на јавноста.
Наследниците на Драгана пред неколку години започнаа самостоен живот во своите станови, а на фолкерката и било многу тешко дури кога Тони го напуштил замокот, па децата се вратиле во него.
Марко неодамна преку Инстаграм објави за животот во Виена, а откри и дали ќе се пресели во Србија.
– Ако Австрија продолжи по овој пат, јас ќе дојдам наскоро – рече Бијелиќ, а потоа откри што не му се допаѓа во Австрија.
– Се губат вистинските вредности. Во оваа земја веќе никој не верува во Бог. Девојките гледаат на моделите и инфлуенсерите на „OnlyFans“, а мажите не знаат што значи да се биде маж – напиша Бијелиќ.
фото: printscreen/instgaram