Марко Бијелиќ, син на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, на Инстаграм објави фотографија со својата девојка Мелани со која со месеци е во хармонична врска.
Додека профилот на Мануела на Инстаграм е заклучен, па јавноста нема увид во нејзиниот приватен живот, Марко, од друга страна, реши се да сподели јавно.
Марко и Мелани уживаа во забавен парк во Виена, каде ја искористија приликата да се фотографираат гушкајќи се еден со друг. Марко во описот на фотографијата само додаде црвено срце.
Да потсетиме, пејачката Драгана Мирковиќ по две децении стави крај на бракот со бизнисменот Тони Бјелиќ.
Тони и Драгана во бракот добија две деца, синот Марко и ќерката Мануела, кои не сакаат претерано да се експонираат во медиумите.
фото: printscreen/instgaram