Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Џоли-Пит , се опоравува од тешката сообраќајна несреќа во која учествуваше пред неколку дена.
Како што дознава „Пипл, Пакс е пуштен од одделението за интензивна нега, но му претстои уште долг период на опоравување и физикална терапија.
Тој заврши во болница откако со својот електричен велосипед удрил во задниот дел на автомобил што стоел пред него на раскрсница во Лос Анџелес. Пакс паднал и се здобил со повреди на главата. Возачот на автомобилот брзо истрчал и му помогнал бидејќи Пакс бил во несвест.
„Го ослободија од интензивна нега. Тој има сложена повреда и сега започнува долго патување на опоравување и физикална терапија“, изјавил изворот за „Пипл“, додавајќи дека неговата мајка Анџелина Џоли е цело време покрај него.
„И таа и Пакс се многу благодарни на сите кои веднаш притрчаа да помогнат, како и на медицинскиот персонал кој добро се грижи за него“, додал изворот.
Освен Анџелина, Пакс често го посетувале и неговите браќа и сестри со кои е многу близок.
Претходно странските медиуми објавија дека Пакс не носел кацига додека возел, и дека тоа не му била прва несреќа.
„Тој има проблеми, а Анџелина се труди максимално да му помогне“, изјавил претходно изворот.
Да потсетиме, во 2007 година, Анџелина Џоли го посвои Пакс од сиропиталиште во Виетнам. Тогаш имаше три години. Како и остатокот од неговото семејство, тој исто така одлучи да го прекине контактот со Бред Пит.
фото: printscreen/instagram/paxalbum