Радио Милева едногласно браво

Сигурно до врвот: Мики Секуловски во „Ѕвездите на Гранд“ приреди шоу како никој досега (видео)

Сигурно до врвот: Мики Секуловски во „Ѕвездите на Гранд“ приреди шоу како никој досега (видео)

Како се стеснуваат круговите во „Ѕвездите на Гранд“, така се почесто почнавме да ги гледаме настапите на нашиот импресивен кандидат Мики Секуловски.

Жирито редовно едногласно кога Мики е во прашање, а најгорда од сите е неговата менторка Цеца Ражнатовиќ. Настапот на Мики веројатно најтешко им паѓа на неговите противкандидати, односно оние со кои би се паднало да биде во дуел, а овој пат тоа беше Дејан Дачевиќ.

Секуловски овој пат за првпат пред публиката и жирито се претстави со она што му е најсилна страна – оперското пеење, а наедно овој негов експеримент досега се нема случено на сцената на „Гранд“.

Бидејќи не беше присутна неколку емисии наназад, највооодушевена, па и изненадена беше Ана Бекута која прва го коментираше настапот на Мики, особено од оперската изведба на песната „Рујна зора“.

-Првпат слушам ваква интерпретација и пристап кон песната, три стила, рок, поп и слично…

Мики, кога станува збор за оперскиот жанр, дали го завршивте тоа или што? – праша Поповиќ.

– Завршив академија за оперско пеење – одговори Мики, по што имаше громогласен аплауз, а Цеца гордо додаде:

– Ќе ви подготвиме уште изненадувања. Нема да ги отвориме сите асови што ги имаме вечерва.

најголемите пофалби беа резервирани само за телентираниот велешанец, па како доаѓаше редот на секој член за коментар, на сите им „течеше мед“ од устата.

– Ова е нешто што речиси не сум го слушнал никаде, некогаш, и сум слушнал многу. Сцената ти е природна состојба, воопшто нема да разговарам со тебе приватно, само сакам да те гледам на сцена, ти си кралот овде – објасни Ѓорѓе.

Босанецот истакна дека Мики Секуловски е големо освежување во конкуренцијата.

-Браво момче, навистина од срце. Ова е прекрасна работа што сте ја направиле, едно освежување. Честитам уште еднаш, а не намерно му честитам на менторот, истакна Боске.

Вики кажа дека Мики е надвор од конкуренција.

-Само ќе кажам дека Мики е надвор од конкуренција, феноменален, фантастичен, браво.

Мили имаше неверојатни пофалби за Мики, изразувајќи го своето задоволство од неговата извонредна изведба, а исто така се согласи и Снежана Ѓуришиќ.

-Мили речиси ме цитираше. Бидејќи едниот кандидат е совршен, другиот го ставаме на задниот режач. Колку и да беше за пофалба Мики, капа долу, Дејан беше толку совршен. Не слушнав, ниту најдов грешка, затоа мислам дека и вие требаше да добиете шест гласа – додаде Снежа.

Саша Поповиќ истакна дека Мики покажа креативност оваа сабота, како што ќе мора сите во следните кругови.

Марија Шерифовиќ го пофали Мики, како и другиот кандидат.

– Мики, ти беше одличен вечерва. Дејан, не сум загрижена за тебе. Добро пеевте и добри сте момци, браво – рече Марија, а Цеца гордо додаде и аплаудираше:

– Мики, што да ти кажам? Браво, браво.

Заврши жирито со своето излагање од кое се поблиску го носи Мики Селуловски до врвот.

Настапот момеже да го погледнете опд видеото на: 2;22 мин.

фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda

Поврзани теми

To top