Текстописецот Љиљана Јевремовиќ проговори за Саша Поповиќ кој се бореше со тешка болест.
По 15 години непишување песни за пејачите на „Гранд“ продукција, Љиљана минатата година и напиша хит на сопругата на Саша, Сузана Јовановиќ.
Љиљана тврди дека изгубила контакт со споменатиот пар, и дека не знае детали за здравствената состојба на Саша, но и се чини дека Поповиќ и Сузана зедоа песна која одлично го опишува расположението во кое тој беше и дека порака беше испратена индиректно.
-Последната песна ја напишав за Сузана Јовановиќ. Со тоа тие двајца ми покажаа дека вратите на „Гранд“ сега ми се отворени, но престанав да пишувам“, изјави таа, а потоа откри:
Немам информации за Саша. Со нив беше во контакт композиторот кој ја компонираше мелодијата за Сузана, им дозволи да ја слушаат песната за која јас го напишав текстот. Немам директен контакт со нив, но со оглед на текстот на песната што ја избраа… Песната им беше претставена како „машки“, текстот беше пласиран како „машки“ текст, но Сузана сепак ја зеде таа песна. Мислам дека текстот на песната има врска со неговата состојба. Тој текст го избраа пред една година, а песната беше објавена нешто подоцна. Тоа го припишувам на неговото расположение.
Песнатa е „Што е овој живот за мене?“, а нејзиниот текст гласи:
фото:instagram printscreen/suzanapopovic69