Радио Милева нејзиниот прв автомобил

Шејла Зониќ го сефтоса автомобилот кој го доби како победничка во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Шејла Зониќ го сефтоса автомобилот кој го доби како победничка во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Шејла Зониќ, победничката на „Ѕвезда Гранд“ за сезоната 2023/24 ги доби клучевите од освоениот автомобил од марката Шкода камик и за сефте седна зад воланот.

Предавањето на клучевите се случи во еден трговски центар во Белград, а на истото присуствуваше и сопругот на Шејла, Армин, кој за Гранд изјави колку е среќна што неговата сопруга го добила својот прв автомобил.

– Посебно е чувството кога можам да кажам дека официјално го имам мојот прв автомобил – изјавила Шејла за Гранд и открила каква е во сообраќајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

– Јас сум одговорен возач, јас сум некој кој внимава на се во сообраќајот и ќе се грижам за овој автомобил и за себе во него, како и за сите што ќе ги возам. Јас и мојот сопруг ќе го возиме овој автомобил, најважно е да ни служи – истакна победничката на „Ѕвезде Гранда“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

– Автомобилот е одличен, има место за сите. Кога ќе одам на турнеја, ќе имам место за се, вклучително и микрофон, пулт и голем куфер, и мој и на мојот сопруг кој заслужува да оди со нас – низ насмевка изјави Шејла.

фото:Instagram printscreen/ Zvezde Granda

To top