Радио Милева длабоко погоден

Шеф Никола се огласи со видео обраќање за сите душегрижници кои мислат дека ослабел зашто е болен- „Страшно сум разочаран!“

Шеф Никола се огласи со видео обраќање за сите душегрижници кои мислат дека ослабел зашто е болен- „Страшно сум разочаран!“

Шеф Никола Мишковски попознат од кулинарското ТВ шоу „Брза кујна“,  изминатите неколу месеци го смени својот животен стил од корен.

Кога го започна овој свој животен проект, Никола најави дека оваа промена нема да застане само со симнување неколку килограми, па сега тој стигна до ниво од кое многумина ќе речат дека е премногу и дека треба да врати некој килограм назад.

Од сопствената кујна излезе како победник на својот ум со доследност и мотивација кои до донесоа до лична сатсфакција, па макар тоа не се допаднало секому.

А такви на кои оваа промена на Никола не им се допадна и решија остро да го критикуваат, ги има доста.
Току за сите тие душегрижници и сите кои станаа побрзи на осуда отколку на поддршка, Никола реши јавно преку видео да им се обрати и да им покаже што тој навистина мисли за ваквиот пристап и колку тоа е длабоко погоден од реакциите на народот.

-Долго време се мислам дали да ја отворам темава или не, ама некако ми стои камен на срцево што морам да кажам зашто сум разочаран од какви луѓе сме ние Македонците. Толку сме чудни како народ, толку сме… не знам кој збор да го употребам, а некој да не навредам. Катасторофа едноставно! Ако си дебел, ваков си, таков си, си се видел ли на што личиш, ако си слаб, види се каков си сучка, на ништо не личиш, поубав беше дебел. Страшно сум многу разочаран од едно илјадници коментари што сум ги добил, а дали само дест проценти биле позитивни со браво за успехот кој си го направил, браво за целта што си ја постигнал, зашто едноставно се осеќаш здраво. Чудно е тоа што не си даваме поддршка едни на други, чудно е тоа што иако сме нација која гледа само да критикува, да фаќаме сеир, а сите сакаме да бидеме како некој, а никој нема храброст да го каже тоа во очи или на порака. Нација зад тастатура, нација само за критика… Зошто сме такви и што не донесе до ова дереџе, навистина не знам, но треба да се запрашеме и да си ја чукнеме малку главата. Се надевам дека со ова видео ќе допрам некого. Јас сум многу здрав, се чувствувам многу здраво и сум многу среќен што дојдов до целта. Од 116 килограми дојдов до 80 и нешто, симнав 37-8 килограми за неполни 6-7 месеци. Не сум болен за тие што мислат дека сум болен. Давајте поддршка на успешните луѓе, давајте поддршка и застанете прашајте. Ве сакам сите без разлика на критиките и фала на сите што ми даваат поддршка, а за сите што критикуваат знам дека сакате да бидете како Никола и да дојдете до целта, а јас секогаш ќе бидам отворен и расположен за сите вас и ќе би помогнам без оглед на се’. Ве сакам сите! – порача Никола.

Еден од многуте коментари кој е сосема спротивен и „држи вода“ или „е на место“, веројатно беше оној што навистина му се допадна, а би посакал да ги има повеќе такви и гласи – „Не е важно дали си дебел или слаб, важно е да си жив и здрав“- навистина, дали има нешто поважно од здравјето?!“

To top