Шакира е во врска со британскиот актер Лусиен Лависконт, пренесуваат странските медиуми.
Двојката се зближи во февруари на снимањето на нејзиниот спот за „Punteria“, во кој Лусиен без кошула го гали образот на колумбиската пејачка. Ваквите страсни сцени веднаш ги поттикнаа гласините дека започнале романса, а сега упатените ги потврдија овие шпекулации.
Сепак, уште не се во сериозна врска, што нејзините пријатели го дочекаа со радост, со оглед на тоа што стравуваат дека тој е во врска со неа само за да стекне дополнителна слава.
Пријателите на познатата Колумбијка се плашат дека тој ќе и го скрши срцето.
„Шакира очајно сака да се заљуби, но нејзините пријатели се загрижени затоа што Лусиен полека се искачува по скалата на славата додека излегуваше со жени дури и помалку познати од неа. Жените со кои се забавуваше порано се многу различни. Сега тој се гледа со Шакира, а таа сака љубов“, изјави извор за Daily Mail.
View this post on Instagram
Да потсетиме, 47-годишната пејачка беше со познатиот фудбалер Пике до 2022 година, а двојката има два сина – Саша и Милан. Тие се разделија на прилично грд начин, со многу меѓусебни навреди и обвинувања, а причината е прељубата на познатиот Шпанец.
Од друга страна, Лусиен, најпознат по серијата „Emily In Paris“, во минатото се забавувал со помалку познати пејачки.
View this post on Instagram
фото: printskrin/instagarm/shakira