Радио Милева забавата допрва започнува

Сергеј Варошлија се враќа пред камера: Могумина едвај чекаат да го гледаат пак, а овие две познати Македонки му остнаа вечно лути

Сергеј Варошлија се враќа пред камера: Могумина едвај чекаат да го гледаат пак, а овие две познати Македонки му остнаа вечно лути

По шест години откако последно го гледавме на телевизјата на Бојан Јовановски, македонскиот моден гуру Сергеј Варошлија се враќа пред камера.

Јасно како ден е дека јавноста сака да слуша критика, особено негативна, ама сака да гледа и сеир. Поради она што народот го сака, а и по настојување на јутјуберот Стефан Лараров, Варошлија од месец септември се враќа назад, односно ќе го гледаме како дел од поткастот на Лазаров.

Ова беше потврдено од последниот поткаст каде Варошлија и Лазаров наздравија за соработката и новите почетоци.

Како за старт Сергеј низ лаф муабет прокоментира неколку стајлинзи од неодамнешниот Валандово фест, а исто и од роденденот на магазинот „Убавина и здравје“.

Тој исто така кажа и дека многумина кои досега негативно модно ги оценил, кога го среќаваат непосредно, знаат да му пријдат и да му кажат дека бил во право, па дури и да му заблагодарат за модниот совет.

Сепак има и такви од јавната сцена кои му се вечно лути, едната пејачка, другата водителка и тоа две Елени, Ристеска и Стефаноска- Најдоски.

За Елена Ристеска кажа дека иако соработувале, по едно негово излагање, таа се налутила, а исто и другата со која кога се среќава на настани, нетрпението кај неа било забележливо.

Секогаш интересен, автентичен, оригинален, а пред се’и тоа како модно поткован за мода како стилист за шминка, фризура, облека – Сергеј еден и единствен кај нас.

Од  Сергеј Варошлија од септември очекуваме многу здрава и издржана модна критика и секако многу забава.

фото:instagram printscreen/varoshlijasergej/elenaristeska_era/elena_zivotsostil/ You tube/ lazarov

To top