На Видовден водителката Сања Кужет го роди својот трет син кој го добил името Вук. По тој повод нејзиниот емотивен партнер Немања Живојиновиќ организираше гала прослава на која се собраа бројни познати личности.
Сања и Немања, како што е познато, веќе имаат едно момче Страхиња. Во првиот брак, кој го склучи пред десет години, убавата водителка го доби синот Андрија.
Сања Кужет го запознала својот прв сопруг на работа. Поточно, таа градела кариера како водителка, додека тој бил обезбедување, односно телохранител, на сопственикот на ТВ Пинк.
View this post on Instagram
– Се дружевме две години, па се заљубивме, па се омаживме, родивме дете, се разведовме, но сепак останавме во истото друштво – изјави Сања која по само една година стави крај на бракот.
Водителката за српските медиуми објасни и зошто дошло до крај на бракот, но и во какви односи е денес со поранешниот сопруг.
– Ако некој е добар човек, го делам мислењето дека после се можеме да останеме добри луѓе. Не мора да се посетуваме на слави. Напротив. Секој по својот пат. Но, за доброто на нашето дете, зошто да не бидеме во добри односи – рече Сања во „Балканска улица“ и додаде:
View this post on Instagram
– На крајот на краиштата, јас го избрав тој човек, и тој мене, бидејќи имаме одредени квалитети. Навистина не можам да кажам ништо лошо за него.
Во разговорот Сања Кужет искрено призна:
– Едноставно, заедницата не успеа. Љубовта ја снема.
фото:Instagram printscreen/ sanja_kuzet