Водителката Сања Маринковиќ пред неколку месеци го прослави својот 50-ти роденден и по тој повод одржа гала прослава.
Иако е на прагот на шестата деценија, Сања може да се пофали со извајано тело на кое би позавиделе многу тинејџерки.
Маринковиќ секогаш тренираше напорно, а пред постојаната физичка активност во неколку наврати потенцираше дека исхраната е многу важна за добар изглед и дека особено внимава што јаде. Згодната водителка сега сподели фотографија од теретана и ги покажа своите издлабени стомачни. Носеше црни велосипедски хеланки, како и спортски топ во иста боја, што дополнително го истакна нејзиното извајано тело.
-Кога ќе ми кажат дека можам да тренирам… Нема многу или малку, туку колку сака телото. Важно е само да започнете – порача таа на својот Инстаграм профил.
фото: printscreen/ instagram