Пејачката Снежана Бабиќ Снеки се труди секогаш да зборува јавно кога има нешто паметно на ум, а криела разни информации од приватниот живот.
Имено, малкумина знаеја дека Снеки во последно време сака да слика, односно да се занимава со уметност, а тоа е една од работите што сака да ги практикува кога е сама.
– Со сликарство се занимавам десет години и тоа само кога треба да пренесам нешто на платното. Тоа не е нешто што ми е императив, но сакам да сликам. Некако дојде сосема спонтано без никаква подготовка. Секогаш кога сум расположена и имам време, се фрлам на платно, низ насмевка посочува Снежана, – рече еднаш пејачката, а потоа објасни дека не ја интересираат изложбите:
-Изложбата е навистина нешто што е премногу сериозно за мене, нека остане за нашите вистински уметници, во нејзин манир со насмевка на лицето вели пејачката која нема студио, но слика во својот дом, особено во собите кои имаат многу светлина.
Пејачката ужива и да ги подарува своите дела на најблиските, без разлика дали се членови на семејството, пријатели или познаници.
– Најмногу им подарувам слики на пријатели и на оние за кои мислам дека можат да го ценат мојот труд. Мислам дека тоа нема некое големо уметничко значење, но мислам дека се што ќе излезе од човек може да биде уметност ако го пренесе на вистински начин – објасни пејачката која претходно не сакаше премногу да открива кога станува збор за оваа тема.
фото: printscreen/instagram