Музичката ѕвезда Сека Алексиќ деновиве престојува во Дубаи, каде случајно се најде и нејзината колешка, фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ.
Како што се дознава, имале случајна средба во луксузен хотел каде што биле сместени и двете, а пејачите не ја криеле возбудата што конечно се виделе.

Драгана веднаш ја искористила оваа можност, па ја повикала Сека на кафе и дружење. Сека со задоволство се согласила, а деталите од нивната средба ги открила за „Телеграф“.

– Овде сме за работа, се сретнавме во хотел. Драгана ме покани на златно капучино во Бурџ ал Араб, по што одиме на вечера. Не сме се виделе долго време, па ќе ја искористиме оваа прилика – изјавила Сека Алексиќ за „Телеграф“.
Драгана и Сека направија заеднички фотографии кои ги споделија на социјалните мрежи. Тие се средиле како за црвен тепих. И двете избрале долги црни фустани кои одлично ги истакнаа нивните облини.
фото: prinsscreen/instgaram







