Маријана Зоњиќ ѝ стана позната на јавноста со гостувањето во реалното шоу Задруга, иако, како што вели, долго време се занимавала со пеење.
Таа во медиумите беше посочена и како девојка на Игор Икс, поранешниот сопруг на Мина Костиќ, но таа љубовна врска набрзо заврши.
Маријана подоцна повторно стана учесник во споменатото реално шоу, кога се појави во сосема поинакво издание.
Корекциите на лицето и телото вродија со плод, а многумина коментираат дека таа е речиси непрепознатлива.
Зоњиќ не застана тука, а по петтата сезона продолжи да го усовршува физичкиот изглед.
Гледачите и обожавателите на социјалните мрежи често коментираа дека нејзините фотографии се чист фотошоп, додека други мислеа дека претерала со естетските корекции.
Трансформацијата е повеќе од очигледна, а Маријана не се плаши да признае дека подлегнала на трендот на разубавување. Таа денес е задоволна од својот изглед и важи за една од попривлечните девојки на јавната сцена.
foto: Printscreen /RED tv /Instagram